Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пламените јазици ги зафатиле околните дрва, а постоеола опасност огнот да се пренесе на зградата. Густиот чад предизвика паника кај учениците и професорите што се нашле во училиштето.
Напладне изгоре пластичнен киоск во дворот на гимназијата „Гоце Делчев„. Пожарот избувна околу 14 часот, а потоа се прошири и целосно ја уништи напуштената барака. Пламените јазици ги зафатиле околните дрва, а постоеола опасност огнот да се пренесе на зградата. Густиот чад предизвика паника кај учениците и професорите што се нашле во училиштето. Веднаш била повикана противпожарната единица од Куманово, која дошла на лице место, но пожарникарите не знаеле да го употребат новото возило, па побарале засилување.
Додека да дојде позарното возило огнот се разгоре, а не се снајдоа ни да ја вклучат водата на цистерната за да го изгаснат огнот.Ветрот го распалуваше пожарот и бараката брзо изгоре- велат жителите.
Причината на пожарот не позната, а допрва ќе се утврдува и материјалната штета. Се претпоставува дека некој од граѓаните врлил отпушок од цигара која ја запалила бараката.