Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар утринава изгоре погон на фабриката за производство на сунгер „Филанд„ во населбата Добрешане.
Пожарот се појавил околу 6.30 часот во една од халите, при што ги зафатил сунгерите и се пренел низ целиот објект. Оштетен е обjектот, кровната конструкција и мaшините. Огнот го регистрирал алармот за пожари, по што интервенирала приватната агенција која ја обезбедува фирмата. Веднаш биле повикана противпожарната екипа, која по 4 часа целосно го изгаснала огнот. Сопствениците не знаат од што настанал пожарот, а ја отфрлаат можноста дека некој го подметнал. Се сомневаат единствено на електричната инсталација, за која велат дека била нова и направена по сите стандарди. Предизвикана е голема матерјална штета која допрва ќе се утврдува. Објектот бил осигуран. Полицијата допрва ќе ги утврдува причините за пожарот и околностите под кои настанал.