Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.И.(50) од Куманово е возачот кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во с.Доброшане.
Според СВР Куманово, сообраќајката се случила околу 20.30 часот, кога Г.И. од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие.
„Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал. Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција“, соопшти Кумановската полиција.