Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на ноќта излеани се реките во повеќе села во кумановско, липковско и Старо Нагоричане, при што се поплавени повеќе куќи и отсечени неколку селски патишта.
Во селото Доброшане дошло до големо излевање на отпадна вода од канализациска шахта покрај мостот на река Кумановка, додека во населбата Средорек, реката Кумановка поплавила три семејни куќи.
“Сува Река во Агино Село поплави неколку куќи и придружни објекти покрај училиштето. Во селото Габреш однесен е дел од локалениот пат во должина од 10 м, при надоаѓање на вода од дол во близина на селото. Во селото Стрезовце реките Петрошница и Пчиња се излеале и поплавиле повеќе куќи. Во селото Довезенце, Крива река повторно се излеа и зафати неколку куќи и придружни објекти, како и земјоделски обработливи површини. Во село Пчиња има зафатено дел од куќите“ - стои во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во општина Старо Нагоричане поради надоаѓање на дол, отсечен е патот во село Канарево, а во липковското село Никуштак од истите причини поплавени се неколку куќи.
Во меѓувреме екипи од Дирекција за заштита и спасување ставаат вреќи со песок на критичните места и ја испумпуваат водата од објектите.