×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Излетал од патот и удрил во бетонска ограда, пожарникарите го ваделе од превртениот автомобил

    30.08.2024 12:17 | KumanovoNews

    Четириесет и деветгодишен жител на кумановското село Лопате се здобил со сериозни повреди, откако со неговиот автомобил излетал од патот, се превртел и удрил во бетонска ограда.

    Излетал од патот и удрил во бетонска ограда, пожарникарите го ваделе од превртениот автомобил

     Несреќата се случила синоќа на ул.„1“ во с. Долно Којнаре.

    „Во 21.10 часот патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.  

    Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), соопштуваат дека Противпожарната едници во Куманово синоќа имала една техничка интервенција во с. Долно Којнаре, при вадење лице од патнички автомобил во сообраќајна незгода.

    „До несреќата дошло откако возачот изгубил контролата на возилото излетал од патот и се превртел. Интервенирано е во временскиот период од 21,25 до 21,50 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари. По укажаната лекарска помош лицето со екипата на Брза помош е префрлено на Ургентен центар Куманово“, вели РЦУК.

    (фото: архива кумановоњуз)