Изложба на слики “Карпино 2013“
06.11.2013 09:11
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики и скулптури “Карпино 2013“.

Пред публиката ќе бидат претставени делата од 11 - та по ред меѓународна ликовна колонија посветена на Драгиша Димитријевски - Шипе.
Организатор е Мултимедијален центар Карпино, а изложбата е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.