Изложба на Валентина Илијевска во Кратово
03.09.2014 07:56
| KumanovoNews
Во Музеј на град Кратово, утре во 12.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики на Валентина Илијевска.

Изложбата носи наслов “За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниката дрворез, линорез и комбинирана техника. Координатор на проектот е Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово. Изложбата на Илијевска досега беше презентирана во Куманово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка.
Илијевска е родена во Скопје на 25 јули 1987 година.