Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон нa Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утревечер ќе биде отворена изложба на фотографии на авторот Влахо Бранѓолица.
Изложбата е во ораганизација на Заедницата на хрватите во Република Македонија – огранок Куманово и Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. Почетокот е закажан во 20 часот.
Влахо Бранѓолица е роден во 1960 год во Скопје во семејството на композиторот Љубомир и балерината Вера Бранѓолица. Предава фотографија на ФЛУ, а работи како професор на Академија Италијана во Скопје.
Изложувал самостојно на три графички и пет фотографски изложби. Добитник е на повеќе награди, во и надвор од земјата меѓу кои се издвојуваат: наградата на градот Скопје 2000 год. фотографија на годината 1999 и 2000 год., награда на корпорацијата NIKON на NPCI натпреварување во Токио 2002 год. и наградата за фотографија на UNDP во 2004-та година. Меѓу другото работел на изготвувањето на промотивниот материјал со кој Градот Скопје во 2008 и 2009 година ја освои престижната награда во Лугано, Швајцарија. Изложбата ќе биде поставена до 16 септември 2010 година.