Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утревечер /четврток/ во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Самоуки 2023“.
Ова е традиционална ликовна манифестација која има за цел да ги претстави делата на неакадемските ликовни уметници од општина Куманово.
На изложбата ќе бидат претставени вкупно 64 дела, слики во масло на платно, акрил и комбинирана. техника, цртежи ( молив, туш) и скулптури ( дрво, метал, глинамол).
„Основната идеја на оваа изложба е подршката на талентирани и квалитетни неакадемски ликовни творци, кои работат во континуитет, а чиишто дела тешко доаѓаа до пошироката публика. Во насока на воспоставување на врска помеѓу овие автори и публиката Центарот се обидува преку ангажман на своите просторно-технички и човечки потенцијали да даде логистика на еден ваков проект“, велат од Центарот за култура.
На распишаниот оглас имало голем интерес, а на изложбата ќе има 31 учесник.
Изложбата се организира од 1990 година, и го слави своето 33-то издание, и има за цел да ги претстави неакадемските ликовни уметници од градот. Освен во Куманово, изложбата се одржува и во неколку градови на североисточна Македонија.
Министерството за култура финансиски го помогна проектот. Изложбата ќе биде поставена до 21. јуни 2023 година.