Мени

Три победи за Куманово на регионалните Плазма спортски игри во Велес

15.06.2026 18:33 | KumanovoNews

Екипата „Волци“ во мал фудбал 2015, машкиот тим „Кочо Рацин“ во баскет 3х3 и Глигориј Павловски во шах (категорија 2015) од Куманово остварија победи на Регионалните спортски игри „Плазма“, кои викендов се одржаа во Велес.

 

Три победи за Куманово на регионалните Плазма спортски игри во Велес

Со освоените први места, тие обезбедија пласман на Државното првенство, каде ќе се борат за место на големото меѓународно финале во Сплит.

Кумановските ученици настапија во Источниот регион заедно со општинските победници од Велес, Кочани, Делчево, Свети Николе, Штип и други општини.

Претходно, на општинскиот натпревар во Куманово кој се одржаа во спортска сала, победниците се пласираа за регионалното натпреварување.

Плазма Спортските игри за млади опфаќаат натпревари во повеќе атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup, мал фудбал 2015, пинг-понг, тенис, народна топка, атлетика, баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Од оваа година, во Македонија за првпат се одржуваат Плазма Спортските игри за млади. Еден од најголемите аматерски спортски настани за деца и млади во Европа носи значајна мисија, бесплатен спорт и еднакви можности за секое дете. 

Но, овие игри се многу повеќе од натпреварување и резултати. Тие се место каде младите учат што значи да се биде дел од тим, како да се почитува противникот и како преку спортот се градат вистински животни вредности.

Победниците од Државното првенство ќе обезбедат пласман на големото финале во Сплит, кое ќе се одржи од 17 до 22 август.