×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложени документи и фотографии од Балканските војни

    24.10.2013 11:04 | KumanovoNews

     Во Уметничката галерија денеска е отворена историска изложба насловена како “Балканските војни во Македонија 1912 - 1913“.

    Изложени документи и фотографии од Балканските војни

    На 20 паноа се изложени фотографии и документи со податоци за текот на Балканските војни кои се одиграле пред 100 години.

    Изложбата е реализирана во соработка со Државниот архив на Македонија и сакам да се заблагодарам на директорот Зоран Тодоровски, кој е еден од авторите на изложбата заедно со професор доктор Александар Трајановски. Изложбата се отвара денеска, утре ќе биде во Музејот на ВМРО во Скопје, а потоа пак ќе се врати во Куманово - вели Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово.

    Авторот Тодоровски објаснува дека изложбата содржи информации за тоа што значат Балканските војни за македонскиот народ и какви последици оставиле. Документите се собрани од домашни и странски извори.

    Во Куманово позната била кумановската седма дружина. Тоа биле доброволци од кумановскиот крај кои се бореле во составот на бугарската армија, што беа авангарда при  заземањето на голем број градови и села во Македонија. Голем дел од  македонското население бил насилно мобилизиран во српската и грчката армија - изјави Тодоровски.

    Промоторот Марјан Димитриевски објаснува дека сите паноа се тематски и опфатени се настани од Кумановска, па се до Битолско - прилепската битка. Тој вели дека Македонците учествувале во сите сојузнички армии, па дури и во турската армија. Неколку десетици илјади луѓе загинале, меѓу кои и голем број цивили, но тој факт ретко се споменува, смета Димитриевски.

     Ништо помалку не се ни жртвите кои ги понесе и муслиманското население кое бегаше,  се повлекуваше, а врз себе ја трпеше одмаздата на армиите кои што навлегуваа во Македонија. Балканските војни завршија со Букурешкиот мир кој според мое мислење го подели ткивото на македонската територија, го подели ткивото на македонската нација и името кое до ден денес не можеме да си го признаеме како легитимно пред меѓународната  јавност - кажа Димитриевски.

    Изложбата е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.