Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девојката ја грабнал Е.О. (33) од Скопје, кој вечерта околу 22.30 часот пристигнал со такси возило во селото и ја присилил да заминат во куќата на неговиот вујко, по што се обидел да ја силува.
Г.З.(21) од с.Черкези завчера била киднапирана и физички малтретирана во куќа во селото Матејче каде ја поминала ноќта. Девојката ја грабнал Е.О. од Скопје околу 22.30 часот, кој пристигнал со такси во селото и со оружје ја присилил да заминат во куќата на неговиот вујко, кој работел во Швајцарија, по што извршил полови дејствија врз неа. Таа се спротивставила, но тој извадил пиштол од појасот и го вперил кон неа, по што почнал да ја соблекува и се обидел да ја силува.При тоа и заканил дека ќе ја убие ако вреска. Додека Е.О. изреволтиран отишол во бањата, Г.З. успеала да побегне и се сокрила во некоја напуштена куќа во селото, па откако се разденило побарала помош и во полициската станица го пријавила случајот. Од страна на увидната екипа од лице место подигнати биле траги слични на крв, црни тренерки и патики кои ќе бидат испратени на вештачење во СКТ при МВР.
СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот, а Е.О е приведен во полицијата. По извршениот разговор било утврдено дека во 22.30 часот Е.О. по телефон и се јавил на Г.З. која му кажала дека е дома, но има намера да оди во Куманово да купи нешто за јадење. Тогаш Е.О.со такси возило пристигнал во селото и во таксито влегла Г.З., по што ја киднпирал под изговор дека ја сака.