×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јагнешко како лек

    20.04.2011 11:18 | KumanovoNews

      Во општото предвелигденско билдање на цените на сите прехранбени продукти, јагнешкото се вивна до небеса - на добиточниот пазар од 180 до 200 денари килограм жива мера, а во месарниците 400 денари кило!

    Јагнешко како лек

    ,,Е,па не му треба сол, зашто сточарите, а трговците уште повеќе, го пресолија без мера‘‘ - се јадосува еден пристар потрошувач пред штандот за месо, и се жали дека првпат во изминатите петшеесет години на неговата велигденска трпеза ќе изостане култното јагнешко печено.

    Зошто не си купивте кога јагнињата на добиточниот пазар до пред месец дена се нудеа за 120 - 130 денари? - одговараат трговците.

    Е, зошто де! Па и тогаш ни‘ беше скапо. Што попрво. Струја, вода, телефон, леб, шекер, зејтин. Се‘ отиде во... Низ паричниците дувна некој страшен провев, натежна некој страв од сиромаштијата. Но, здравје, преживееме и без јагнешкото за Велигден. Тие пак што треба да му ја мислат за цените, гајле си немаат. Згора порачуваат - купете си  барем килце или две додека е по 400, зашто веќе утре ќе се покачи од сегашните 400 на 450 денари. Се слуша дека македонското јагне на традиционалните пазари Италија и Блискиот исток, се бара во неограничени количини и без оглед на цената.