Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од рудникот Тораница кај Крива Паланка вчера се излеа јаловина. Хаваријата се случи утрината, кога одрон од карпа скршил цевка на транспортниот вод.
Јаловишната маса истекла на површина од 200-300 метри на асфалтниот пат на 2 км од рудникот. Вработените навреме реагирале и спречиле јаловината да заврши во Тораничка и Крива река.
За еколошкиот инцидент известени се надлежните инспекциски органи од државата и општината, кои извршиле увид.
Од дефект на транспортниот цевковод во ноември мината година се излеа поголема количина јаловина, која заврши и во водите на двете реки. Подоцнежните испитувања покажаа зголемена концентрација на тешки метали во земјата и реките во околина на рудникот.