Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест кумановци влегоа во највисоките партиски тела на ЛДП на вчерашното Собрание што се одржа во Скопје.
Во новиот состав на Централниот одбор се избрани: Бобан Бојковски, Драги Митевски, Лена Филиповиќ и Столе Алексовски, по функција ќе членува и Драган Јаневиќ, а Вилијам Бојковски стана член на надзорниот одбор на ЛДП. На Собранието беше потврден изборот на лидерот Јован Манасиевски и генерален секретар Дуфе Кукоски.
Ова Собрание се одржа под мотото „Има излез„, на кое претседателот Манасиевски им порача на своите членови, и граѓаните дека им е доста од владеењето на Груевски и Црвенковски, кои во изминатите 20 години наместо развој на демократија и економски препород, донесоа беда и сиромаштија. Излезот од вакавата состојба е во конкретните проекти и мерки зацртани во изборната платформа на ЛДП која ја нудиме на граѓаните. Со овие мерки Македонија ќе стане демократска, економски зајакната и просперитетна држава со модерни идеи и толерирање на различностите. Очекуваме на следните предвремени парламентарни избори ЛДП да биде најпријатното изненадување и дека идната влада не може да се замисли без ЛДП - рече Драган Јаневиќ претседателот на општинската ЛДП.