Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, при денешната посета на поплавените подрачја во Шупли Камен, Јачинце, Клечовце и Довезенце, побара што побрзо да се помогне на поплавените семејства, додека се чека водата се повлече.
Настојуваме да утврдиме кои се приоритете за помош, а потоа откако водата целосно ќе се повлече, ќе се направи анализа за санација на она што е оштетено од поплавите. За жал вчера имавме и жртва во кумановско - липковскиот регион, кога настрада едно детенце што само по себе ја прави ситуацијата потешка и покомплицирана. Сакаме да поразговараме со граѓаните што дополнително треба да се направи за да се помогне“ - изјави министерката.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски вети дека преку Собранието на РМ ќе се обиде да им помогне на граѓаните во оваа тешка ситуација.
“Се надевам дека ќе им бидеме од полза на граѓаните. Овде во Шупли Камен се опфатени околу 20 куќи, а во месноста Довезенце - Јачинце - Клечовце околу 50 куќи. Немаме проценка колкава површина земјоделско земјиште е поплавено, бидејќи сеуште е под вода“- рече Ѓорѓиевски.
Жителите на Доброшане последниве години се соочуваат со поплави поради излевањата на река Пчиња. Се пожалија дека самите се организирале и преземале мерки за да се заштитат од поплавите.
“При секој дожд сме подготвени за одбрана од поплави. Собирав земја, песок, имам добиток за да го заштитам и во собите да не влезе вода. Дежурав до 4 часот. Кога почна да се намалува водата, легнав за да се одморам, а не да заспијам. Водата преку дупки од глувци влезе внатре. Најкритично беше пред 4-5 дена и тогаш викнав соседи да ми помогнат да ги спасам свињите“ - вели Миле Милошевски.
Од Дирекцијата за заштита и спасување рекоа дека поставиле 3000 вреќи со песок на улица “Никола Тесла“ и при последните поплави овој дел од градот не претпрпе штети.