Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за транспорт и врски, од утре организира серија јавни презентации низ општините поради зголемениот интерес на граѓаните за пошироко информирање со Предлог законот за третман на бесправно изградени градби.
Јавните презентации ќе се одржуваат во соработка со локалните власти,а граѓаните ќе бидат детално информирани за постапката предвидена во законот во однос на документите потребни за поднесување на барањата и за траењето на постапката.
Презентациите ќе ги држат три тима предводени од министерот Миле Јанакиески, заменик - министерот Горан Михајловски и Сашо Дуковски директор на Државниот инпекторат за урбанизам и градежништво.
Јавните презентации ќе бидат организирани во Куманово и сите поголеми градови во државата.
Процедурата предвидува барател за регулирање на статусот на бесправно изградена градба можат да бидат граѓаните државјани на Република Македонија, правно лице регистрирано во Централниот регистар и институции кои се иматели на бесправните градби. Барателот е должен со барањето за утврдување на правен статус да достави уверение за државјанство, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги (електрична енергија, вода..), а доколку бесправната градба нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар со која барателот ќе потврди дека градбата е изградена пред влегувањето во сила на законот. Потребни ќе бидат и геодетски елаборат, кој што е извршен за направен премер на катастарската или градежната парцела или бесправната градба која содржи скица на премерување на катастарската или градежната парцела, односно скици на премерување на внатрешната парцела на самата градба, проект за фактичката состјба на градбата изработена од проектантска компанија со соодветна лиценца и имотен лист за земјиштето на кое е изградена бесправната градба. Имотниот лист се бара со цел да се утврди дали земјиштето е во приватна сопственост или е во сопственост на државата.
Општините како надлежни органи се должни да ги примат овие барања со потребната документација и да постапат во соодтветните рокови, односно во рок од три месеци.
Според податоците на локалната самоуправа во Куманово се евидентирани околу 1300 дивоградби.