Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Потпредседателот на СДСМ, Зоран Jовановски, на синоќешниот мини-митинг на Сојузот на иднината во населбата Перо Чичо, порача дека на престојните локални избори ќе ги победат политичките опоненти уште во првиот круг.
И покрај големиот притисок од централната власт, градоначалникот Зоран Дамјановски во изминатите 8 години направи толку многу проекти со кои можете да се гордеете. Денеска Куманово е лидер во Македонија за гасификација.Ако сето тоа го направил во последните 8 години од кои 7 со Груевски на власт, зарем од ВМРО-ДПМНЕ со цел памет мислат дека сега ќе им го дадеме Куманово. Им порачуваме дека ние во Куманово одиме на победа уште во првиот круг. За да ја извојуваме таа победа треба масовно да излезете да гласате за Сојузот на иднината, и да не ги трошите гласовите на мали партии, кои се надвор нашата коалиција. Куманово е слободарски град и вие најдобро знаете како се доаѓа до слободата, како се бори и како се освојува победа. Нека почне од Куманово победата уште во првиот круг-изјави Јовановски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, одговори на пораката на министерката Гордана Јанкуловска, која го повика да си оди од функцијата уште пред изборите затоа што го чека пораз.
Анкетите покажуваат дека на 24 март ќе направиме уште една поубедлива победа од онаа во 2004 година. Со тоа ставаме печат на оние амбиции што ги искажува ВМРО-ДПМНЕ, особено нивната министерка Гордана Јанкуловска, која ми препорача да си заминам пред изборите.Па како да си одам кога ви водиме во Куманово со 2,5 спрема 1. Кој ќе ви даде глас кога не одите на дебати, не се покажувате пред народот. Ние на еден мини-митин во едно маало имаме повеќе луѓе од вашата централна промоција на кандидати-рече Дамјановски.
Пратеникот Оливер Спасовски, кој живее во населбата Перо Чичо, потсети дека во измаинатиот период локалната власт доста инвестирала во населбата, но најави и нови проекти.
Изградивме спортска сака, која не е најубава во градот, туку во државата за што сме особено горди. Нашата програма нуди проекти, а тоа се асфалтирање на улиците „30 јули„, „6 Април„, „Руѓер Бошковиќ„, „Милентије Поповиќ„, дел од Ѓорче Петров кон патот за Свети Николе, завршување на потпорниот ѕид и асфалтирање на улици во Гладно Поле. И најважниот приоритет изградба на детска градинка во населбата-рече Спасовски.
И носителот на листата Максим Димитриевски побара подршка од граѓаните и најави голема победа на 24 март.
Народот е со нас и Груевски нема што да бара тука. Тоа ќе го покажеме уште утре на митингот во Скопје, а на 22 март на Градскиот плоштад ќе им ја испратиме истата порака. На 24 март уште во првиот ќе извојуваме победа- рече Димитриевски.