Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две кабловски телевизии и едно фото-студио во Куманово работеле со неправилности и ги прекршиле авторските права, утврдила Комисијата за заштита на интелектуална сопственост и СВР-Куманово, при денешната контрола.
Во кабловската телевизија „Парма-шпед„ во населбата Карпош, одземен е еден компјутер заради нелиценциран софтвер, и на два канали немаше превод на македонски јазик. Од страна на УЈП им е поднесена казна од 1500 евра.Кабловската телевизија „Оптикал-нет„, реемитувала канал за кој немала авторски права, поради што и е одземен ресиверот. Инспекторите го исконтролира и фото студиото „Шуте-Панорама„, од каде се подигнати 4 компјутери поради нелиценциран софтвер, а нема ни технички услови за работење - рече Мите Костов, претседател на комисијата на прес-конференцијата во СВР Куманово.
Со контролата биле опфатени три кабловски телевизии, три интернет кафеа и едно фото студио. Инспекторите најавија дека акциите ќе продолжат се додека не се искорени прекршувањето на авторските права.
Во интернет кафеата во локалитетот Гарнизон не биле најдени никави недостатоци. Од комисијата велат дека во Куманово е многу подобрена заштитата на авторските права, поради бројните акции што ги правеа на зелениот пазар и кај препродавачите на дискови.