×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кафеана К'смет за среќен почеток на денот

    11.12.2013 16:44 | KumanovoNews

    Под мотото „Академија за боеми и прави кафански људи“, кафеаната К'смет испишува нова страница во своето работење

    Кафеана К'смет за среќен почеток на денот

    Кафеаната К'смет, една од најпознатите угостителски објекти во градот, неодамна е реновирана и приспособена за најквалитетно работење и услуга. Новите сопственици го задржаа стариот традиционален етно-стил, а богатата традиција на добрата храна ја приспособија на модерното време. На едно место посетителите можат да уживаат во вкуснa храна зачинетa со топла пријателска атмосфера. Звуците на убавата македонска староградска музика само ќе го надополнат исклучителното доживување во ресторанот.

    Основна идеја на менаџментот на кафеаната е да се стави акцент на квалитетот на храната, која ќе ги задоволи најпрефинетите вкусови и најпробирливите гости.

    Кафеана K'смет е синоним за вкусна храна подготвена од врвни мајстори. Квалитетот во работењето и професионалната услуга се наши приоритети. Нашето мото „Академија за боеми и прави кафански људи„ само по себе зборува дека ние сме поразлични од другите угостители. Кафеаната има богата традиција во приготвување на традиционалните македонски јадења, кумановски специјалитети, добро вино, домашна и брендирана ракија, салати, скара, месо, риба и се што ќе се посака, бидејќи нашите готвачи се во функција на гостите. Со врвна и професионална услуга го градивме нашиот нов и препознатлив имиџ - изјави Александар Милковски, сопственикот на кафеаната.

    При опремувањето и адаптирањето на просторот водено е сметка сите гости да го добијат најдоброто, па така за потребите на пушачите уредена е и затоплена тераса.

    Извонредниот амбиентот е прифатлив за семејни и деловни средби и  прослави. Особено се води сметка за организирањето на предновогодишните прослави и за новогодишната ноќ. Цените се приспособени според стандардот на граѓаните.

    Кафеана K'смет се наоѓа на добро познатата локација на улица „11 Октомври„, во локалитет Црвен Крст.

    Нарачки и резервации се примаат на телефон 031/511-654 и 075/816-888.

    (комерцијален текст)