×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА КОЈА ШТО ЈА ПОСАКУВАШ?

    16.11.2024 10:21 | KumanovoNews

    Промените се неизбежен дел од животот, но истовремено и неговиот најголем предизвик. Набљудувајќи го сопствениот живот и сите пресврти низ кои поминав, сфатив едно – најчесто луѓето не се плашат од промените, туку од неизвесноста што тие ја носат.

    КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА КОЈА ШТО ЈА ПОСАКУВАШ?

    Што ако погрешиме? Што ако се разочараме? Што ако ја изгубиме сигурноста? Причината зошто најчесто се откажуваме од промените е што мислиме дека не сме подготвени. Чекаме совршен момент, совршени околности, совршен план. Но, вистината е дека тој момент никогаш нема да дојде, тој момент ние треба да го создадеме за самите себе си. Промените секогаш се малку хаотични и непредвидливи, но токму во тој хаос лежи магијата.

    Најчесто бегаме од промените затоа што емотивно сме врзани за она што го познаваме, дури и кога тоа не е добро за нас. Колкумина од вас што го читате текстот сте задоволни од вашиот живот, од вашата работа, од вашиот партнер? Навиката нè држи врзани за минатото, додека стравот нè оддалечува од иднината. Но, промената доаѓа кога ќе сфатиме дека зоната на познато е само златен кафез што нè спречува да се развиваме. Промената е неизбежна. Сé на оваа планета се менува. Секое суштество, секој момент, секоe искуствo во нашиот живот доаѓа со можност да станеме нешто различно. Никој од нас не е ист од моментот кога сме родени, а како што минува времето, природно е да тежнееме кон промени.

    Најчестото прашање што се наметнува е „Зошто промената е тешка?“ А како би било да се прашаме „Што можам да направам оваа промена да биде најдобрата работа што ми се случила?“. Нашиот поглед на промената ја прави таа огромна разлика. Ако ја гледаме како закана, неизбежно ќе се спротивставуваме на неа и некој друг ќе биде виновен за она што нам ни се случува во животот. Но, ако ја прифатиме како можност, таа станува мост кон поголемата верзија на нас самите. Навистина, во секој предизвик лежи можноста да станеме подобри, посилни и похрабри. Кога се соочуваме со промените, често чувствуваме отпор. Тоа е природен одговор на нашиот ум, бидејќи се плашиме од непознатото. Стравот од губиток, страв од неуспех, па дури и страв од успех. И тој страв често пати нè враќа назад, во познатата зона на стариот живот, во која се чувствуваме удобно или можеби и не ни е удобно, но ни е познато и се задржуваме таму. Промената не само што нè предизвикува, туку го тестира и нашето трпение, вербата и способноста да се прилагодиме. Оваа прилагодливост ни дава сила и способност да изградиме подобар живот. И таа не е само надворешен процес, туку и внатрешна револуција и вистинските чекори кон промените започнуваат во нашиот ум. Нашиот мозок е неверојатно моќен инструмент, а ако сакаме да го промениме нашиот живот, неопходно е првин да ги промениме нашите мисли и чувства. Ние не можеме да промениме ништо во нашиот живот додека не ја промениме нашата внатрешна реалност. Нашите мисли и верувања ја формираат нашата реалност, но вистинската моќ на промената е во тоа што можеме да ја преземеме контролата над нив.

    Кога ќе ги промениме нашите мисли, нашите невронски патишта се реорганизираат, создавајќи нови можности. Нашиот мозок е пластичен, што значи дека може да се менува и прилагодува на нови искуства. Ако одлучиме да се фокусираме на тоа што сакаме да постигнеме, почнуваме да создававаме нова реалност, таа која одговара на нашите вистински вредности и желби. За сето ова многу подетално, стручно и научно докажано говори Др. Џое Диспенза.

    Често пати се соочувам со размислување и тенденција на луѓето некого да променат, тоа е невозможно ние можеме единствено да работиме на сопствената промена. И една од најголемите предизвици со кои се соочуваме кога размислуваме за промените е што често не се чувствуваме способни да направиме драстични чекори. Стравот од непознатото и несигурноста може да нè натераат да се откажеме пред да започнеме. Но, вистината е дека не мора да ги имаме сите одговори веднаш. Како што пловењето низ океанот бара храброст да продолжиш да пловиш дури и со бранови, така и промените во животот бараат храброст да се соочиме со несигурноста и да веруваме во процесот. Но, тоа се случува само ако го знаеме нашето ЗОШТО?

    Промената не е нешто од кое треба да бегаме, туку нешто што треба да го прифатиме како неопходен дел од нашето постоење како човечки суштества. Најголемиот предизвик во животот е да научиме да бидеме присутни во моментот и да веруваме дека имаме сила да преземеме акција. Сетете се дека секоја промена до сега што сте ја направиле, истата е започната со одлука и избор што сакате да смените – избор да станете и да продолжиме напред, без оглед на сите тешкотии и непоколеблива верба во себе си кај се гледате во иднина. Вашето ЗОШТО тоа го го сакате било кристално јасно. Овој прв чекор е клучен, бидејќи тоа е моментот кога нашите мисли и постапки се усогласуваат со она што сакаме да постигнеме.

    Секоја промена бара посветеност, доследност и верба. Тоа не е процес што ќе се случи преку ноќ. Вистинскиот клуч за да се случи саканата промена е да се менуваме секој ден. Секоја мисла, секоје чувство, секоја акција придонесува за процесот. Кога ќе одлучиме да се промениме, важно е да бидеме трпеливи и доследни, бидејќи промената не доаѓа во еден ден. Но, со секој поминат ден со работа на себе, се приближуваме до подобрата верзија на себе си и нè води кон живот што е целосно во согласност со нашето вистинско јас.

    М-р Ани Спасовска, НЛП тренер