Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проекциите во работење на јавното претпријатие „Водовод „ во идната, 2011 година повторно предизвика бурна расправа на седницата на Советот на општината Куманово.
Советничката група на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го повтори познатиот став дека ЈП ,,Водовод‘‘ се води во пропаст, наспроти одбраната на директорот на јавното претпријатие дека причините се објективните во време на финансиската криза.
Перманентното и драстично поскапување на средствата и материјалите за работење како што се струја, горива-мазива од една страна, и неможноста да поскапи водата како готов производ од друга страна се само дел од причините кои влијаат на вкупната состојба во претпријатието на кој ние како менаџерски тим не можеме да влијаеме-рече директорот Виктор Божиновски.
И овојпат маратонската размена на спротивставени ставови со директорот имаше кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.
Излезот од кризата на јавното претпријатие треба да се бара во смена на директорот и донесување на стратегија за поефикасна наплатата на потрошената вода што со години не се симнува под 50 процеценти и смалување на техничките загуби на водата поради недисиплинирани корисници и застареност на градската водоводна мрежа. Не треба работниците да го плаќаат цехот на недомаќинското работење, поради што им доцни платата- смета Николовски.
Неколкумина советници од советничкото мнозинство придонесоа за конечниот став дека не е време и не смее да се дозволи цената на водата да се зголеми. Интересна расправа се водеше и за програмата за работа на Прочистителната станица на отпадни води во Доброшане како ,,тежок финансиски камен на вратот‘‘ на ЈП ,,Водовод‘‘ чија тежина веќе утре мора да се сподели со државата.