×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се плати таксата на МТВ ?

    21.01.2011 09:25 | KumanovoNews

    Во Дописниот центар во Куманово секојдневно доаѓаат граѓани загрижени како да ја платат таксата за Македонската радиотелевизија и прашуваат за поединостите околу плаќањето на оваа јавна давачка.

    Како да се плати таксата на МТВ ?

    Новинарите - дописници на повеќе медиуми,незнаат како да им помогнат на граѓаните и им советуваат да заминат на шалтерите во централата на МТВ за да го решат проблемот.

    Сакам да платам, ама немам решение за да знам под кој број да уплатам.Постојано најавуваат дека ќе ги казнуваат оние што не платиле. Каде да се обратам за ми објаснат. Државата само ни дава примери како функционирала наплатата на јавните сервиси во другите држави и гледа на секој начин да ни земе пари, а не сака да  создаде елементарни услови во опслужување на даночните обврзници и да преземе нешто да ги заштити граѓаните - вели една постара жена.

    Иста такава навалица од засегнати граѓани имаше и изминатите месеци.Тие доаѓаа поради блокирани сметки, а не добиле решенија за наплата.

    Директорот на МТВ Ефтим Гаштов во телефонски разговор ни рече дека граѓаните за претплтата можат да се јават на телефон 02 55 11 798 во Правната служба на МТВ, од каде понатаму ќе бидат упатени како да си го решат проблемот.

    Инаку, близу две децении во Куманово е затворен наплатниот центар на МРТВ во кој граѓаните можеа да се информираат за сите проблени вразани со претплатата и да си ги подмируваат сметките.  Граѓаните реагираат поради тоа што Куманово и соседните општини со над  150 илјади жители немаат можност тука да го решат проблемот, туку за банална работа треба да одат до Скопје.