Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделци, претседатели на месни заедници и претставници на локалната самоуправа и на невладиниот сектор денеска во просториите на поранешен Општински комитет имаа можност да се едуцираат како по најбрз пат да доаѓаат до средствата од ИПАРД-фондовите што за Македонија се обезбедуваат од Европската унија.
Презентер на темата беше претставникот на аташето на ЕУ во Скопје, Џон Паркер кој на присутните на советувањето им ги објасни условите и процедурите за аплицирање документи и полесен пристап до средствата за развој на земјоделството во руралните подрачја.
„Ова е втора по ред презентација на политиката и програмите за развој на аграрот во вашата Општина. До сега се во фаза на реализација две ИПАРД-програми во вредност од по 2-3 милиони евра, а во наредните две години ќе одиме со значително поамбициозни финансиски програми за развој на земјоделство што ќе ,,тежат‘‘ и до 60 милони евра, како резултат на оценката на ЕУ дека Македонија оди напред со политиката на мерки во унапредувањетона аграрот‘‘ - изјави за Кumanovonews, претставникот на аташето на ЕУ во Македонија задолжен за политиката на вложувања средства од ИПАРД- фондовите.