×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камелија Алексовска најдобра на регионален натпревар по француски

    28.11.2014 15:13 | KumanovoNews

    Седмооделенката Камелија Алексовска од основното училиште “Јоаким Крчоски“ од Крива Паланка, беше најдобра на регионалниот натпревар по спелување на француски јазик, кој денеска се одржа во основното училиште “Браќа Миладиновци“ во Куманово.

    Камелија Алексовска најдобра на регионален натпревар по француски

    Победничката заедно со уште петмина основци од различни училишта на 13 декември ќе учествува на државен натпревар  во Скопје.

    “Го сакам францускиот јазик, го учам на училиште. Ми се допаѓа, многу интерес јазик е францускиот. Заедно со професорката се подготвував пет часа за натпреварот“ - вели Алексовска.

    На натпреварот учествуваа 24 основци од пет основни училишта од Куманово, Липково и Крива Паланка.

    “Сите шестмина ученици ќе одат на државен натпревар. Тоа се ученици од “Јоаким Крчоски“, “Христијан Карпош“, и “Крсте Мисирков“. Ќе се натпреваруваат поединечно како најдобри ученици од регионален натпревар“ - рече Кети Димковска, советник по француски јазик во Биро за развој на образование Куманово.

    Покрај основците, се натпреваруваа и средношколците, и најдобрите од нив исто ќе учествуваат на државен натпревар.