Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градежната оператива на ЈП ,,Водовод‘‘ веќе втор ден го изведува проектот за изградба на канализациона мрежа на ,,Пчињски пат‘‘ на потегот од излезот на градот до месноста ,,Менкова колиба‘‘ во должина од 830 метри што ќе опслужува околу 150 корисници.
,, Проектот чини околу 4 милиони денари а средствата ги обезбедуваат ЈП ,,Вододод‘‘ и граѓаните во сооднос 50:50 проценти. Веднаш по завршување на овој зафат градежната оператива ја пренесуваме на терените на населбите Долно Којнаре, ,,Гладно поле‘‘ и Проевце на довршување на тамошните делови од канализацијата‘‘ - изјави директорот на ЈП ,,Водовод‘‘ Виктор Божиновски.
Истовремено се поставува и нов асфалт на патот од селото Пчиња кон Куманово. Работите ги изведува ГП ,,Гранит‘‘, а асфалтирањето се финансира од буџетот на Општината Куманово.
Паралелно со овие позиции, градежниците од ЈП ,,Водовод‘‘ деновиве работат и на реконструкција на застарената и нефункционална водоводна мрежа на улиците ,,29 Ноември‘‘ и ,,Пере Тошев‘‘ во вкупна должина од 450 метри што ќе чинат 1,5 милиони денари.