Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре вечер ќе биде отворена изложбата на карикатури на тема „Спорт„ на авторот Миле Манчевски од Велес.
Цели 25 години Манчевски или карикатурите со потпис Милман, пренесуваат затскриени, а толку јасни пораки. Во првиот момент не засмејуваат за веднаш потоа да ни го откријат егзистенцијалното и есенционалното лице на денешницата. И најтешката сурова вистина поубаво се восприема ако е кажана на шеговит начин.
Манчевски е еден од водечките карикатуристи во Република Македонија. Роден е и живее и твори во Велес. Својот град од секогаш го гледа како инспиративна средина за сопственото творештво. Автор е на повеќе од 2000 карикатури и учесник на преку 100 групни и самостојни изложби во државава и светот. Добитник е на бројни, награди и признанија меѓу кои “Наши достигнувања" - државна награда, „Гран при" на НИО Студентски збор", специјална награда на ЗКМ. Објавувал свои дела во најтиражните весници во Република Македонија и на просторите на поранешна Југославија. Карикатурите на Манчевски своја презентација имале во Јапонија, Канада, Куба, Турција, Холандија, Италија, Белгија, Србија, Хрватска, Романија, Полска, Бугарија, Кина, Словачка, САД, Словенија, Бразил, Кореја...
Почетокот на изложбата е закажан во 19.30 часот.