×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кавга за девојка причина за пресметката со нож

    23.11.2013 12:25 | KumanovoNews

    Расправија за девојка е причината поради која со нож се избодени две момчиња во дворот на детската градинката „Ангел Шајче„, кај спортската сала во Куманово.

    Кавга за девојка причина за пресметката со нож

     Според полицијата, пресметката настанала синоќа во 20.50 часот кога М.М. (18) и Р.М.(15) прво се скарале  со Х.П.(17), а потоа го нападнале физички и со остар предмет му нанеле повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и вратот. Момчето паднало на земја облеано во крв, а неговите другари притрчале да му помогнат. При тоа и С.А.(15) бил прободен со ножот во пределот на грбот и главата, а со посекотина на раката се здобил и М.М..

    Минатат ноќ по 21 часот, донесени се три момчиња кои се повредени во меѓусебна тепачка. Едниот од нив во тешка состојба со повреди на градниот кош и градите, во животно загрозувачка состојба веднаш е транспортиран во Ургентен центар во Скопје. Второто дете со неколку убодни рани по телото е задржано на лекување кај нас, активно е, се движи и нема опасност по живот. Третото дете по укажаната помош е пуштено на домашно лекување. Сите повреди на момчињата се убодни рани од нож- изјави началникот на Одделението за хирургија др. Методија Димковски.

    По крвавата пресметка напаѓачите побегнале, а повредените со возило на брза помош биле пренесени во Кумановската болница. Брзо потоа М.М. (18) и Р.М.(15) сами се пријавиле во полиција, но не го донеле ножот. Тие се изведени пред истражен судија и ќе одговараат за кривично дело убиство во обид.

    Кумановци во шок од она што се случи, бараат од родителите и надлежните институции поголема контрола врз тинејџетите.  Граѓаните што живеат во близина на градинката велат дека често се сведоци  кога млади луѓе се пресметуваат ноќе во дворот, кој не е осветлен и нема обезбедување.

     Ноќе тука се собираат и наркомани, па наутро чистачките не можат да соберат игли и шприцеви од дворот-велат соседите.