Казнет пијан полицаец на Пелинце
03.04.2011 13:08
| KumanovoNews
Љ.А., полицаец во Полициската станица Пелинце во алкохолизирана состојба ја обезбедувал државната граница.

Полицецот бил фатен додека пиел, и бил под дејство на алкохол на работното место. Поради тоа му е изречена парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци.