Казнет полицаец што давал изјава за медиуми
27.02.2011 17:08
| KumanovoNews
Г.А. од Скопје, вработен како помлад инспектор за општ криминалитет во Одделението за организиран криминал во Сектор за внатрешни работи Куманово, е казнет затоа што дал изјава за една телевизија.

Полицаецот пред две години го извршил делото, а сега му е изречена парична казна во износ од 15 % од месечната плата во траење од четири месеци.