×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се врши обдукција на телото на Куртиши за да се утврди причината за смртта

    13.11.2023 12:40 | Оливера Пешевска

     По налог на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на Сефедин Куртиши, за да се утврди причината за неговата смрт.

    Ќе се врши обдукција на телото на Куртиши за да се утврди причината за смртта

    Куртиши е пронајден мртов вчера во дворот на Кумановската болница.

     „Издаден е налог за обдукција, за да точно се утврдат причините за смртта на бездомното лице. Иако нема сомневање за насилна смрт, сепак, поради интересот на јавноста е преземен овој чекор. Телото ќе биде транспортирано во текот на денот и очекуваме да се заврши во наредните 24 часа, но за резултатите ќе се почека извесен период“, истакнуваат од Основнот јавно обвинителство Куманово.

     За случајот на Куртиши предмет отвори службата на Народниот правобранител од Куманово. По нивна иницијатива  Сефедин беше пратен во Психијатриската болница Бардовци, но оттаму го вратиле за да прво му се излекуваат раните на нозете.

    „Сега го затвораме предметот за Сефедин Куртиши, и тоа не на начин за кој се заземавме, и со исход на кој се надевавме. Направивме напори, ги контактиравме со сите надлежни, но за жал не можевме да му помогнеме. Никој нема право да одлучува спротивно на негова слободна воља. Неколку пати контактирав лично со него, не беше агресивен кон околината, но едноставно научен на живот на отворено, без хигиенски навики“, вели Гордана Трнечевска-Ристевска од канцеларијата на Народниот правобранител.

    Сагата на Сефедин Куртиши започна пред повеќе од дваесет дена кога неговите соседи алармираа кај новинарите на Кумановоњуз дека тој лежи беспомошно, неподвижен, болен , прегладнет и валкан. Откако краткотрајно беше згрижен на нервното одделение во болницата тој пак се врати на улица. Тогаш во случајот се вклучи и Народниот правобранител, кој повторно го смести во здравствена установа.

    Оттогаш Куртиши два пати беше хоспитализиран, му беа обезбедени и лични документи од Центарот за социјални работи - извод и лична карта што е услов за поднесок за користење на социјални права и добра. 

    Куќата во која некогаш живеело неговото семејство на ул. Осогово е распадната и целата во смет, и таму нема услови да се смести, затоа претојува и спие на отворено каде што ќе стигне во централното градско подрачје. Постојана придружба му беа неговите кучиња, и во дворот на куќата и пред болницата.