×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој ќе биде нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ?

    06.02.2014 15:39 | KumanovoNews

    Пет кандидати се во најтесен круг за избор на прв човек општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

    Кој ќе биде нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ?

    Драган Петковски-Диги советник во Советот на Општина Куманово, актуелниот претседател Мирослав Стојановски, Игор Божиновски раководител во Централен регистар, Филип Филиповски директор во Водостопанство Кумановско-липковско поле и Даниел Живачки директор во Центарот за социјални работи, се кандидатите од кои ќе се бира новиот претседател. Според неофицијални партиски избори, тие чекаат деновиве да бидат повикани на интервју од претседателот Никола Груевски, по што ќе се одлучи на кого ќе му биде доверен мандатот да го води комитетот во наредните 4 години.

    Одлуката ќе ја донесе исклучиво лидерот Никола Груевски. Затоа никој не може со сигурност да каже на кого ќе падне изборои и по кои критериуми ќе биде избран. Знаеме дека на терен работат неколку лоби групи, но колку ќе бидат силни да го наметнат нивниот кандидат останува да видиме- велат луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои ги консултиравме.

    За фаворити во трката, сопартијците ги сметаат Драган Петковски заради подршката од Зоран Георгиевски член на извршниот комитет, и Игор Божиновски зад кого стојат луѓе од  Собранието.

    Во трката за нов претседател на конкурсот се пријавиле околу 35 кандидати, но по првиот филтер останале само петмина.

    Во партијата велат дека со нетрпение го чекаат новиот претседателот и се надеваат дека ќе го обедини членството пред изборите.