Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ова беше договорено на потпишување на Протоколот за соработка помеѓу градоначалникот на Општината Старо Нагоричане и претставникот на Асоцијацијата на туристички агенции на Србија.
Мегалитската опсеравторија „Кокино„ и црквата „Свети Ѓорѓи„ ќе се најдат во програмата на српските туристички агенции како посебно атрактивни културно-историски споменици. Ова меѓу другото беше договорено на денешното потпишување на протокол за туристичка соработка помеѓу градоначалникот на Општината Старо Нагоричане и претставникот на Асоцијацијата на туристички агенции на Србија. Протоколот има за цел да ја зацврсти досегашната соработа и да придонесе за поголем развој на туризмот и подобрување на севкупните односи на двете држави. Проектите да се искористат за зеднички активности на регионални собири, сајмови, размена на искуства, и зачувување на културното наследство и животната средина во двете земји.
Имаме заеднички интреси во проекти кои веќе ги разгледавме, но и многу други кои допрва заеднички ќе ги работиме. Првата манифестација на која ќе учествуваме зеднички е Белградскиот саем, кој се одржува во февруари наредната година и општината ќе има штанд зедно со АТАС и општината Сурдулица.Таму ќе го претставиме нашиот туристички потенцијал на туристите од Европа-рече градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Туристичките работници од Србија, велат дека туристите од Европа повеќе бараат програми со помалу познати дестинации и природни убавини.
Затоа ние сме заинтерсирани да направиме една кружна тура која би одела низ манастирот Прохор Пчински, Општината Старо Нагоричане преку Крива Планка, Ќустендил и назад низ Власинското езеро.Тоа ќе биде нешто непознато, и до сега невообичаено за туристичките тури на Балканот. Старо Нагоричене има извонредна географска положба и атрактивни локации како мегалитската опсерваторија Кокино, црквата Свети Ѓорѓи, и со добра презентација ќе бидат атракции и топ дестинација за неколку години-смета Срѓан Џивџановиќ, генерален секретар на АТАС.