Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невообичаено, на тротоарите околу Зелениот пазар денес изостана изобилството кошници и кофи со ,,селски‘‘ јајца.
Вредните кумановски домаќинки очигледно си купиле јајца за вапцање уште пред неколку дена. Инаку, тоа нешто малку јајца изнесени од ретките „селанки„ се нудеа за 8 денари парче. Куриозитет на предвелигденскиот пазар беа јајцата гускини - 50 денари едно јајце ! Кажуваат дека по скопските пазари поминуваат и по 70 до 80 денари. Велиген е па 50 денари за гускино јајце од 200 грама и не е многу.