Коледарите ќе берат бадникови гранчиња во Доброшане
22.11.2013 09:07
| KumanovoNews
Членовите на здружението “Коледари“, одлучија бадниковите гранчиња за Божиќ да ги берат во населбата Доброшане.

Оваа година ќе ги активираме младите членови. Организацијата ќе биде нивна, а ние како постари ќе им помагаме. Целта е тие да ја пренесуваат традицијата како што тоа сме го правеле ние. За кум за 2014 година има повеќе луѓе предложено, но не е одлучено кој ќе биде кум - вели Киро Соларски, секретар на здружение “Коледари“.
Набраните дабови гранчиња пред Бадник на граѓаните ќе им бидат поделени на Градскиот плоштад.
Минатата година бадникови гранчиња се береа во селото Орашац.