×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колку си го познаваме меѓуетничкиот сензибилитет

    19.02.2011 13:34 | KumanovoNews

    Културни и просветни работници, политичари, советници, претставници на невладини организации и младински активисти, на семинар што го организираше Здружението на граѓани „Стритс фестивал„ во ресторанот „Грација„, разменија искуства и утврдија насоки на тема: „Меѓуетничка сензитивност во културата„ во мултиетнички општества. 

    Колку си го познаваме меѓуетничкиот сензибилитет

    Во работата на семинарот учествуваа граѓани-активисти од сите националности кои живеат на подрачјето на Општината Куманово. Медијатори на семинарот беа Кети Дончевска - Илиќ и Сафет Балаши кои презентираа искуства и материјали за едукација на присутните по прашањето колку, како мултиетничко општество меѓусебно се познаваме и разбираме, колку сме сензитивни и толерантни како етникуми со различни културни, религиозни и други традиции. Во спонтани разговори на семинарот беа изнесени примери лични искуства на недоволна сензибилност (разбирање) за различностите меѓу припадниците на етникумите.

    „Му раскажав на мој близок пријател - Црногорец виц за Црногорците, виц какви што има за сите етникуми на Балканот, во Босна за Мујо и Хасо, во Македонија за Трпе и Трпана, во Србија за Геџо, во Словенија за Јанез. Црногорецот многу ми се налути од што заклучувам дека не е доволно сензибилен или пак јас не бев внимателен‘‘ - раскажа еден од учесниците на семинарот.

    „Како ученик во Гимназијата и како член на гимназискиот Хор гостувавме тогашно Светозарево (денес Јагодина). На спиење не распоредија кај нашите врсници од тој град по дома. Мојот домаќин на неговите дома ме претстави дека сум од Куманово и дека сум Албанец. Многу срдечно ме прифатија, а домакинката беше толку сензитивна (чувствителна) што ми приготви посебно јадење, без „свинско„ и дури ми рече дека ќе ми сервира во нови, досега неупотребувани чинии‘‘ - раскажа еден Албанец - учесник во работата на семинарот.