Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коло на српските сестри, по повод Видовден, синоќа во Центарот за култура организираше книжевна вечер. Пред голем број гости и пријатели на здружението, стихови посветени на Косовскиот бој, читаа Миланка Зафировска и Стојан Арсиќ.
Оваа книжевна вечер ја посветивме на Видовден.Чест ни е што беше присутен амбасадорот Томислав Ѓурин и другите гости и пријатели на Коло на српските сестри. Тоа ни причинува големо задoволство и чест -рече претседателката Живка Христовска.
Прославата на Видовден српските невладини организации во Куманово ја продолжуваат утревечер со голем концерт во Младинскиот културен центар „Козјак„.