Концерт на Борче Наумоски во Куманово
19.11.2014 09:19
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на гитаристот Борче Наумоски.

Наумоски е роден 1982 година, средно музичко образование завршил во ДМБУЦ„ Илија Николовски Луј“, а магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Настапувал со камерни состави, а професионалната концертна кариера ха гради со бројни солистички концерти. Добитник е на втора меѓународна награда на Наисус гитар фест. Наумоски работи како редовен професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје.
На програмата се дела од Лобос, Родриго, Тарега и Џулиани.