Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура вечерва со почеток во 20 часот концерт ќе одржат Љубиша Кировски на виола и виолина, и Маја Шутевска Кировска на пијано.
На репертоарот ќе се најдат дела од барок до музика на 20 век, со над 40 сонати за виолина и пијано. Дуото посебно го негува македонското музичко творештво со тоа што редовно ги изведуваат делата на македонските композитори.
Дуото е основано 1993 годиона, но бележи бројни настапи како низ Македонија, така и во странство.
Концертот е во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија.