×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Контра-реплика: Старо Нагоричане не е вилает на градоначалникот

    26.04.2011 11:43 | KumanovoNews

     По реакцијата на кабинетот на градоначалникот на Старо Нагоричане за чистење на меморијалниот центар Пелинце од младите на СДСМ, во нашата редакција стигна контра-реплика од кабинетот на градоначалникот на Куманово.

    Контра-реплика: Старо Нагоричане не е вилает на градоначалникот

        Почитувани, ако не го читате Кумановоњус не ќе знаевте дека градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, не само што освојува гласови на изборите, туку освојува и туѓи територии! Така барем тврди градоначалникот на Старо Нагоричане во неговата реакција. Замислете, малку му е на Дамјановски,,неговата‘‘ територија, па тргнал да го освојува Старо Нагоричане - тврди градоначалникот загрижен за безбедноста и територијалниот интегритетитет на ,,неговиот‘‘ вилает. Демек, Старо Нагоричане е царство на ДПСМ и неговите коалициски партнери, и никој нема право таму да влегува па макар и да собира гранки, а камоли да го одржува рекреативниот центар Пелинце. Каква недоветност и недораснатост. Каде водат ваквите пораки за локални територијално-шовинистички делби на територии!           

    Што се однесува, за пораката дека никој на кумановскиот градоначалник не му се меша во територијата,го повикуваме кабинетот на градоналаникот на Старо Нагоричане да повелат во Општината Куманово, кога правиме големи акции за разубавување на природната средина во која живеат, а со тоа придонесуваат и за нејзиното загадување и луѓето по потекло од Општината Старо Нагоричане, како граѓани на Куманово. Доселени, се разбира, без дозвола на некакви делители и чувари на територии како што е актуелниот градоначалник на Старо Нагоричане - се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Зоран Дамјановски.