×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крпен живот

    03.03.2011 09:55 | KumanovoNews

    Македонските граѓани секој ден се се` посиромашни, а трпезата се потенка. Новите поскапувања ќе остават многу луѓе гладни.

    Крпен живот

     За само неколку дена граѓаните доживеаја неколку ценовни шокови. Лебот се продава поскапо, а се очекува да се зголемат и цените на млекото и млечните производи.

    И малопродажната цена на бензините се зголеми за 2,5 денари за литар, додека дизелот и екстралесното гориво поскапеа за два денари. За 5,48 отсто поскапе и струјата, што според експертите може да предизвика нов раст на цените.

    Граѓаните се исплашени од новонастаната состојба, а сведоци сме  дека секојдневно се поголем број на луѓе ги пребаруваат контејнерите. Сите се прашуваат до кога цените на основните животни намирници ќе се зголемуваат, а платите и пензиите ќе стојат на истото ниво?