Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По осми пат акцијата ја организираат Црвениот Крст на Р.Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со општинската организација на Црвениот Крст –Куманово.
Традиционална крводарителска акција "Борис Трајковски", вчера се одржа во центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово. По осми пат акцијата ја организираат Црвениот Крст на Р.Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со општинската организација на Црвениот Крст –Куманово.
"Крводарителската акција ја посветивме на починатиот претседател, Борис Трајковски, кој беше голем хуманист, почесен член на Црвениот Крст и повеќекратен крводарител"- вели Глигор Новачевски,одговрен за крводарителството од Црвениот Крст.
На денешната акција беа дарувани околу 100 крвни единици.
"За нас сите крводарителски акции се значајни, вклучително и оваа акција посветена на хуманистот Борис Трајковски. Особено е значајно што денешнава акција е регионална и на овој начин се продолжува делото на претседателот Трајковски,кој работеше на зближување на луѓето"-вели Роберт Милчев од Меѓународната фондација "Борис Трајковски.
На акцијата,покрај крводарители од Куманово и Скопје, учествуваа и крводарители од Ниш, Горњи Милановац и Врање од соседна Србија. Шест од крводарителските акции посветени на претседателот Трајковски се одржале во Скопје, а една во Струмица.