Крводарителска акција во „Перо Наков„
27.02.2013 08:52
| KumanovoNews
Во средното економско училиште “Перо Наков“, настава на албански јазик утре ќе се оддржи крводарителска акција.

Средношколците од четврта година ќе можат да даруваат крв од 13 до 17 часот. Оваа традиционална акција е во организација на Црвен Крст Куманово. Собраните едници крв ќе бидат однесени на Клиниката за транзфузиологија.