Крводарителска акција во „Перо Наков„
05.02.2014 11:46
| KumanovoNews
Во средното економско училиште „Перо Наков“ утре ќе се оддржи традиционална крводарителска акција.

Средношколците од четврта година ќе можат да даруваат крв од 13 до 18 часот. Акцијата ја организира Црвен Крст Куманово и тие очекуваат да бидат собрани 50 единици крв.