КУД “Карпош“ ќе настапи во Бор
10.10.2013 08:01
| KumanovoNews
Културно - уметничкото друштво “Карпош“ утре ќе настапи на меѓународниот фолклорен фестивал “Малиник 2013“ во Бор, соседна Србија.

Фестивалот ќе трае три дена и на него ќе се претстават повеќе ансамбли на неколку локации: Слатина, Бор, Брестовац и Шарбановац.
Овој меѓународен фолклорен фестивал се оддржува трета година по ред во организација на Центар за култура Бор, здружение на граѓани за развој на селата, локални месни заедници и локални фолклорни ансамбли. Покровител на настанот е Министерството за култура во Србија.