Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фирмата „Метро-паркинг„ од Белград што го доби тендерот за новиот начин на наплата, најавува дека за кратко време ќе создаде услови за реализација на проектот за зонско паркирање.
Во Куманово за неколку месеци паркингот ќе се плаќа со СМС пораки од мобилен телефон. Фирмата „Метро-паркинг„ од Белград што го доби тендерот за новиот начин на наплата, најавува дека за кратко време ќе создаде услови за реализација на проектот за зонско паркирање. Денеска беше потпишан договорот со „Куманово-паркинг„, по што за неколку недели ќе започнат со инсталирање на софтвер преку кој ќе се подржува и контролира плаќањето преку телефонски пораки.
Оваа фирма имаше најдобра референца од останатите, искуство и знаење, она што ние баравме. Системот што тие ќе го имплементираат е доста современ и единствен, досега ваков систем има само во Скопје. Со имплементација на овој систем нашите граѓани ќе обезбедат подобри услови за паркирање и контрола на сообраќајот во централното градско подрачје - вели Трајко Трајковски, директор на ЈП „Куманово-паркинг„.
Компанијата „Метро-паркинг„ се занимава со оваа дејност три години и застапена е во 6 градови во Србија и три во Црна Гора. Со проектот во Куманово за првпат влегува на македонскиот пазар.
Ние ќе вршиме наплата на паркингот по пат на СМС. Одлично ја знаеме оваа работа и веќе постигнавме одредени договори со оператерите, и се надеваме дека во нередниот месец ќе го имплементираме нашиот систем и ќе ја извршиме обуката и целосна организација околу работата- рече директорот на фирмата Жељко Танасковиќ.
Во меѓувреме ќе се исцртаат и означат паркинг местат на кои за еден час паркирање ќе се наплаќа по 30 денари преку СМС порака, најмногу до 2 часа. На паркинзите ќе има место за таксистите и инвалидизираните лица. Во првата фаза ќе бидат опфатено улиците со еднонасочен сообраќај во централното градско подрачје и паркинзите пред хотелоп „Кристал„, Домот на култура и кај Скопски дуќани каде ќе се обезбедат околу 480 паркинг места, или 3000 паркирања за 24 часа.
Според градоначалникот Зоран Дамјановски овој проект треба да ги намали сообраќајните гужви во градот и да допринесе граѓаните да ја намалат употребата на моторни возила на мали релации што има и еколошка предност.