×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци дадоа поддршка на А1 телевизија

    27.11.2010 17:51 | KumanovoNews

     Поголем број граѓани на Куманово попладнево на Градскиот плоштад се собраа за да  го поддржат  протестниот собир за слободата на медиумите што го организираше А1 телевизија.

    Кумановци дадоа поддршка на А1 телевизија

     Според овој национален медиум слободата на изразување е прекршена при завчерашната акција на полицијата, која и асистираше на инспекциската контрола на УЈП во проверката на шест фирми сместени во објектот во кој е и седиштето на телевизијата.

    На петицијата за слобода на медиумите се потпишале околу илјада граѓани на Куманово.

    Меѓу потписниците беше и  градоначалникот Зоран Дамјановски и претставниците од неговиот кабинет. Градоначалникот изрзи незадоволство од начинот на кој власта се однесува кон медиумите.

    Граѓаните на Куманово даваат подршка не како СДСМ, ниту како опозиција, туку како град на мирот. Основен столб на мирот е демократијата и слободниот говор. Куманово како град првоборец, знае што се придобивки на мирот и затоа ги негува и почитува - изјави градоначалникот.