Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според неофицијални информации дури 500 работници од Македонија треба да се распоредат како логистика по американските бази. Најмногу се барале готвачи и друг технички персонал.
Нов бран на кумановци овој месец ќе заминат на печалба во Авганистан. Според неофицијални информации дури 500 работници од Македонија треба да се распоредат како логистика по американските бази. Најмногу се бараат готвачи и друг технички персонал. Претставници од американската фирма деновиве се во хотел во Скопје, каде интензивно прават интрвју со оние кои веќе аплицирале на нивниот сајт. На секои три дена се подготвува по една група, која за десетина дена се праќа на потребната дестинација. Кумановци кои веќе добиле работа кажуваат дека постапката во Скопје е многу пократка и поедноставна во однос на порано кога се вршеше во Хјустон.
Целата процедура во фирмата со документите траеше три дена.Сега не се бара толку големо познавање на англискиот јазик. Веднаш по интервјуто ме пратија на преглед во приватна болница. Наредниот ден кога стигнаа резултатите, и се утврди дека сум здрав ги примив потребните вакцини и потпишав договор.Потоа почнав да ги посетувам задолжителните предавања за однесување во базата. Во меѓувреме добив виза и ми го одредија терминот за патување. Ме повикаа на 10 септември, а веќе на 17 или 18 треба да летам за Авганистан преку Турција, Дубаи, Кандахар и потоа до базата каде што сум распореден-вели нашиот соговорник, еден од 60 кувари кои чекаат да отпатуваат деновиве.
Договорот го потпишале на една година, а месечната плата им се движи околу 4000 долари во зависност од безбедноста во базата каде се распоредени. Имаат право 4 пати годишно да одат на одмор по две недели.
Во Ирак и Авганистан работат неколку илјади кумановци и кумановки. На почетокот заминуваат преку фирмата „Браун и Рут„, а сега преку новата фирма. Постојат и други фирми кои регрутираат работници за источните земји, но како најсигурни досега се покажаа американските фирми. Куманово благодарение на печалбарите во послените десетина години се гради како никогаш досега, а и животниот стандард е на повисоко ниво.