Кумановец доби 5 години затвор за малолетничка проституција
Дејан Ѓорѓевиќ од Куманово е осуден на 5 години затвор во Основниот суд во Штип кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години.

Останатите обвинети во случајот Емилчо Тодев од Штип доби казна затвор од 5, 5 години, а обвинетиот Ангеле Марковски од Охрид казна затвор во траење од 4 години.
Претходно судот на уште седуммина обвинети, им одреди казна затвор во вкупно траење од 50 години за подведување и сексуално искористување на осмоодделенки. Во случајот се обвинети и тројца бизнисмени од Куманово.
За истото дело штипски бизнисмен е осуден на десет години затвор, а највисока казна од 15 години доби кочанчанецот Перо Трајковски кој е во бегство.