×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец организирал изнуди и грабнувања

    16.02.2011 13:35 | KumanovoNews

    Oсумчлена група што вршела  изнуди, киднапирања и злосторничко здружување е уапсени во полициска акција во Скопје.

    Кумановец организирал изнуди и грабнувања

    Дејан С.(36) од Куманово, заедно со Ѓ.Г.(41), Ѓ.К.(43),Ѓ.Д.(20), М.Ф.(20) сите од Скопје, се осомничени дека сториле кривични дела -  злосторничко здружување, изнуда и грабнување. Кривични пријави поднесени се и против Б.Б. (26) од Куманово за сторени кривични дела злосторничко здружување и изнуда, како и против полициските службеници од Скопје, Д.Б.(43) за сторени кривични дела “злосторничко здружување“, “изнуда“, “грабнување“ и злоупотреба на службена положба и овластување“ и Ј.Г.(43) за кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување.

    Имено, кумановецот како организатор на криминалната група, сопственик на ресторанот „Виторија“ во Скопје, со сопственици на фирми договарал „бизнис зделки“, и откако истите ќе си ја завршат работа, тој не бил задоволен од сработеното и барал за „штетата“ да му исплатат одреден нереален паричен надомест кој тој ќе го одреди, со што бизнис партнерите му станувале „должници“.

     За наплата на  „долгот“ тој ги ангажирал Ѓ.Г., неговата сопруга К.Ѓ., неговиот син Д.Ѓ. и лицата Б.Б. и М.Ф. кои со закани и насилство, поставувале експлозивни направи, подметнувале  пожари, уценувале и грабнувале членови на семејствата на „должниците“. При тоа ги присилувале оштетените да исплаќаат пари кои ги побарувал Дејан.Полициските службеници Б.Д. и Г.Ј. и помагале на групата на тој начин што доставувале доверливи информации за активности на полицијата во врска со пријавените случаи од оштетените, за нивното движење, каде живеат, каде и кога ја преминуваат државна граница.

    Досега обезбедени се докази дека криминалната група е инволвирана во извршување на пет кривично правни настани. Истражен судија во Скопје им одредил притвор.